ХОУСЕ ОФ СОФИ ДООЕЛ Скопје е екслклузивен застапник на Antica Murrina Venezia за Северна Македонија и Косово.

 

КОНТАКТ ПОДАТОЦИ:

Комплекс Соравија Резиденс (Водно)

ул. Тодор Александров бр. 119 /9а, 1000 Скопје

Контакт телефон: +389 71 444 496

Контакт е-мејл: info @houseofsophie.com

Search

House of Sophie е компанија водена од жени – претприемачи вљубени во модата и трендовите, желни да ја канализираат оваа страст преку застапништва на италијански брендови во коишто секој може да се идентификува. Компанијата нуди импресивна колекција на ѓердани, привезоци, нараквици, прстени, обетки од Antica Murrina Venezia и Brand Gioielli.

PROUD TO BE UNIQE

+ - РАЧНА ИЗРАБОТКА

Изработката на накитот ја следи античката традиција на венецијанските стаклари и нивните тајни методи на дизајнирање накит од мурано, злато, сребро и скапоцени камења кои потекнуваат од островот Мурано во Италија.

 

+ - УНИКАТНОСТ И ЕДИНСТВЕНОСТ

Инспирацијата за колекциите е секогаш длабоко поврзана со Венеција и Италија, нејзината лагуна и нејзината природна убавина.

Уникатноста на мураното е во рачната изработка и дизајн со мали меурчиња, “millefiori” подмножества и варијабилност на бои го прават накитот на Antica Murrina секогаш различен еден од друг, уникатен и неповторлив.

+ - СЕРТИФИКАТ ЗА АВТЕНТИЧНОСТ И ДВЕ ГОДИШНА ГАРАНЦИЈА

Брендот Antica Murrina е втиснат на секое парче и гарантира одличен квалитет и ексклузивност на накитот.

Секој производ содржи две годишна гаранција за мураното кое е основен елемент на дизајн на сите колекции на компанијата.

BRAND GIOIELLI: симбол на италијански квалитет достапен за сите

Brand Gioielli е компанија од Република Сан Марино (Италија) која модерно го толкува концептот на дизајнирање и изработка на накит преку спојување на традицијата и иновацијата. 

Овој накит се издвојува на меѓународната сцена по уникатниот дизајн и прилагодувањето моменталните трендови, барањата на купувачите и  материјалите кои се користат при изработка.

Компанијата дизајнира и изработува накит од медицински хипоалергенски челик 316L или сребро 925. Истиот е декориран со внимателно одбрани камења и уникатни дизајни, стилови и квалитет на изработка кои го издржуваат тестот на времето.

Накитот од овој бренд може да се носи секојдневно, односно нема да избледе, нема да смени боја и најважно, не предизвикува алергија. 

+ - ШТО Е ПОЗЛАТЕН PVD НАКИТ

PVD е кратенка за физичко таложење на пареа и е процес на вакум обложување од злато што создава брилијантна декоративна и функционална завршница на основниот метал и овозможува да се добие квалитетен накит со жолто или розово злато.

PVD методата користи титаниум нитрид кој обезбедува исклучително издржлив слој отпорен на гребење правејќи го накитот долготраен и отпорен на промени во боја.

 
+ - ШТО ПРЕТСТАВУВА НАКИТ ОД ЧЕЛИК 316L

Без разлика дали е обложен со злато или едноставно полиран, накитот од нерѓосувачки челик (316L) изгледа сјајно и е лесен како сребрен или златен накит. Благодарение на хипоалергеноста на овој метал, накитот е безбеден за носење, дури и за најчувствителната кожа.
Може да се носи секој ден без да се грижите дека ќе го оштетите.
Накитот од нерѓосувачки челик е безбеден за деца и возрасни.

+ - ГАРАНЦИЈА СО ВРЕМЕТРАЕЊЕ ОД 1 ГОДИНА

Секој производ содржи гаранција со времетраење од една година и во овој период за секој оштетен производ можете да направите замена за истиот. 

X