+ - КАКО ДА НАПРАВАМ НАРАЧКА?
Производите на нашиот сајт можат да се нарачаат на два начини.
Првиот начин е порачување на производите директно на самиот сајт. Доколку не сте регистрирани, ќе треба прво да направите регистрација. Кога успешно ќе се регистрирате, на Вашиот меил ќе Ви пристигне потврда за регистрација. После тоа, со додавање на производите во Вашата кошничка и следење на сите чекори ја завршувате нарачката.
Вториот начин е со испраќање на е-маил порака со Вашата нарачка на orders@houseofsophie.com или со директна порака на социјалните мрежи Instagram и Facebook. Во овој случај, за да можеме да ја реализираме Вашата нарачка, Ве молиме да ни ги испратите следните податоци:
- Шифра на производите
- Количина за секој нарачан производ
- Име и презиме на примателот
- Адреса за испорака
- Мобилен телефон за контакт
+ - КОИ НАЧИНИ ЗА НАПЛАТА СЕ ДОСТАПНИ?
Постојат два начини на плаќање:
- Плаќање во готовина- при примање на пратка од службата за достава, што подразбира наплата исклучиво во готовина.
- Онлајн плаќањесо платежни картички од MasterCard и Visa издадени од било која банка. Платежниот процесор е овозможен од страна на Халк банка АД Скопје. Ова значи дека ХОУСЕ ОФ СОФИ ДООЕЛ Скопје не собира податоци од вашите картички, туку истите ги обработува Халк банка АД Скопје.
+ - КОЛКУ ЧИНИ ИСПОРАКАТА?
Стандардната испорака каде доставата се реализира до 5 дена и се плаќа 130 денари. Оваа достава се врши преку ЕКО ЛОГИСТИК Македонија.
Цената за експресна достава преку ЕКО ЛОГИСТИК (истиот ден до 18:00 часот, доколку нарачката се реализира до 8:00 часот пред отварање на работниот ден) е 250 денари со вклучен ДДВ и истата се плаќа за време на испораката.
Доколку нарачката е над 3.000 денари, доставата е бесплатна.
+ - КАДЕ МОЖЕ ДА СЕ ИЗВРШИ ДОСТАВА?
Вршиме достава на територија на Република Северна Македонија, а од 01.03.2023 година и на територијата на Косово.
+ - КОЕ Е ВРЕМЕТО НА ИСПОРАКА И КОЈА КОМПАНИЈА ЈА ВРШИ ДОСТАВАТА?
Рок за стандардна достава е до 5 дена. Соработуваме со компанијата за брза достава ЕКО ЛОГИСТИК кои вршат испорака од понеделник до петок во период од 8:00 до 18:00 на територијата на Република Северна Македонија.
Експрес доставата исто така ја врши компанијата ЕКО ЛОГИСТИК и рокот на испорака е истиот ден.
Од овие причини, не сме во можност да прецизираме точен ден и точно време на испорака, меѓутоа во секое време ќе бидете во можност да ја следите пратката со тракинг-број кој ќе ви биде испратен веднаш по испораката на пратката од страна на ХОУСЕ ОФ СОФИ.
+ - ДАЛИ МОЖЕ АДРЕСАТА НА ДОСТАВА ДА БИДЕ РАЗЛИЧНА ОД ОНАА КОЈА СУМ ЈА ВНЕЛ/ВНЕЛА ПРИ РЕГИСТРАЦИЈА?
Да, доколу адресата за испорака е на територија на Република Северна Македонија, и заклучно со 01.03.2023 година и Косово.
+ - НАПРАВИВ ГРЕШНА НАРАЧКА НА ПРОИЗВОД. КАКО МОЖАМ ДА ЈА ОТКАЖАМ НАРАЧКАТА?
Доколку нарачката сте ја извршиле со онлајн плаќање, истата можете да ја откажете во период од 30 минути од моментот на нарачувањето.
Нарачката може да ја откажете со испраќање на е-мејл на orders@houseofsophie.com.
Ве молиме во е-мејлот наведете го бројот на нарачката.
+ - МОЈАТА НАРАЧКА ПРИСТИГНА ОШТЕТЕНА. ШТО ДА НАПРАВАМ ВО ОВОЈ СЛУЧАЈ?
Ве молиме при примањето на пратката, веднаш истата проверете ја во присуство на самиот доставувач.
Доколку на неа забележете видливи оштетувања, не ја превземајте.
Во овој случај Ве замолуваме да нѐ исконтактирате на нашата е-маил адреса: orders@houseofsophie.com.
Во најкус можен рок ќе ве известиме за понатамошната постапка.
+ - ШТО ДА НАПРАВАМ ДОКОЛКУ ИСПОРАЧАНИОТ ПРОИЗВОД Е ПОГРЕШЕН ОД ТОЈ ШТО ГО НАРАЧАВ И ИЛИ ДОКОЛКУ НАРАЧКАТА НЕ Е ЦЕЛОСНА?
Доколку веќе сте ја примиле нарачката, а при отворање на истата заклучите дека испорачаните производи не се совпаѓаат со Вашата нарачка, или податоците на сметката не се точни, Ве молиме да испратите е-маил порака на: orders@houseofsophie.com.
+ - КАКО МОЖАМ ДА НАПРАВАМ РЕКЛАМАЦИЈА ЗА ПРОИЗВОД?
Ако на купениот производ забележите одредени недостатоци на мураното, имате право на рекламација во период од 2 години од датумот на издавање на сметка.
За да се евидентира Вашето барање за рекламација, треба да пополните формулар за рекламација кој ќе го испратите на е-маил: orders@houseofsophie.com.
Одговор на Вашата рекламација ќе добиете во рок од 30 дена од примањето на рекламацијата.
+ - КУПИВ ПРОИЗВОД КОЈ НЕ СООДВЕСТВУВА НА МОИТЕ ОЧЕКУВАЊА. КАКО МОЖАМ ДА ГО ВРАТАМ?
Како купувач, Вие имате право да се повлечете од договорот склучен од далечина или од договорот склучен надвор од деловните простории, односно да ја вратите стоката што не Ви одговара во рок од четиринаесет (14) дена од денот на прифаќањето на испораката. При откажување купувачот може, но не мора да ги наведе причините за откажување
Контактирајте нѐ со испраќање на е-маил порака на: orders@houseofsophie.com за да се изврши евидентирање на Вашето барање.
Враќањето на производите мора да биде во исправна и некористена состојба, во оригиналното неоштетено пакување, заедно со оригиналната сметка и пополнет формулар за враќање кој можете да го преземете овде.
Производите заедно со останатата документација треба да ги испратите на следнава адреса:
ХОУСЕ ОФ СОФИ ДООЕЛ Скопје
Улица Тодор Александров бр. 119/9А
1000 Скопје
Компанијата е должна најдоцна во рок од 15 дена од примањето на изјавата за враќање на нарачката, без одложување, да го врати целиот износ кој потрошувачот го платил за нарачката.
+ - ДОКОЛКУ МОЈАТА НАРАЧКА Е ОТКАЖАНА, А НАПЛАТАТА БЕШЕ ОНЛАЈН (СО КАРТИЧКА). КОГА ЌЕ МИ БИДАТ ВРАТЕНИ ПАРИТЕ?
Кога избирате начин на наплата со картичка, на Вашата сметка се резервираат парични средства во износот на вашата нарачка. Наплатата се извршува штом се потврди достапноста на производите. Доколку не е возможно да се изврши испорака на нарачката, Вашите средства ќе бидат ослободени.